НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 18, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Негрижата на властите во Македонија предизвика самоиницијативно организирање на наставниците по Македонски јазик во дијаспората

Пренеси ја вистината

Веќе подолг период наназад институциите во нашата држава не водат сметка за развојот и афирмацијата на МАкедонскиот јазик помеѓу Македонската дијаспора на потребното ниво на третман кој што го заслужува нашиот јазик. Во најголема мера Македонските заедници кои се присутни на сите светски мередијани се оставени сами на себе да се снаоѓаат во нивните напори да воспостават какво-такво изучување на Македонскиот јазик и култура помеѓу Македонците кои егзистираат на тие поднебја.

Незаинтересираноста на актуелната власт за оваа насушна потреба ан Македонците во дијаспората овозможи овие наши сонародници сами да се организираат за изучување на Македонскиот јазик согласно нивните потреби и можности.

За таа цел неодамна беше организирана онлајн конференција на која разговараа повеќе учесници во оваа самоиницијативна организација на Македонските заедници насекаде низ светот.

“По повод изучувањето на македонскиот јазик во светот, наставници од повеќе држави од различни континенти , одржаа заедничка плодна средба.За поздравување е фактот, што скоро и не постои катче во светот, каде не се зборува и изучува македонскиот јазик, почнувајќи од соседна Србија па се до крајниот австралиски континент.Се изнесоа и разменија нај различните искуства , постигнати резултати , како и проблемите поврзани со наставни учебници и недостаток од доволен број на наставен кадар.Голем дел од наставниците сами се снаоѓат во изведувањето на програмата како и формирање на одделни паралелки.Отсуството од специјална научна единствена програма наменета за изучување на македонскиот јазик, прилагодена за во странство, е една од поголемите болки и недостатоци со кои се среќаваат самите наставници.Во секој случај, мотивот, желбата и инспирацијата на наставничкиот кадар, дава огромна надеж дека и покрај се, изучувањето на македонскиот јазик со сигурност ќе зрачи и во иднина.

“Јазикот е наша татковина “

-соопштија од организацијата на онлајн конференцијата

За авторот на оваа статија