НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
ноември 26, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

„Нема да бидеш сама“ на Горан Столевски еден од најмногу очекуваните филмови на Санденс

“Овој свет е злобно нешто” е лајт мотивот на новиот филм на австралискиоот режисер и сценарист со македонско потекло Горан Столевски.

Дејствието на филмот е сместено во изолирано планинско село во 19 век во Македонија и е концентрирано околу млада девојка која е киднапирана и преобразена во вештерка од страна на исконски прастар дух. Љубопитна за животот на луѓето, младата вештерка случајно убива селанец во блиското село и го зема ликот на жртвата како нејзино тело и продолжува да го живее нејзиниот живот. Откако со ваквиот чин се поттикнува нејзината њубобитност таа продолжува со оваа страшна пракса да ја користи нејзината моќ со цел да разбере што значи да бидеш човек.

.Премиерата на филмот е закажана за 28 Јануари 2022 година и е номиниран во официјалната програма на филмскиот фестивал Санденс кој ќе се оджи од 20 до 29 Јануари 2022 година и кој претставува најголем светски филмски фестивал за независен филм и истиот се одржува во Јута, САД.

Од страна на весникот Варајати режисерот Горан Столевски е вброен во најдобрите 10 режисери кои што ќе имаат свој филм во 2022 година, со што очекувањата од филмот „Нема да бидеш сама“ се подигнати на највисоко светско ниво.

Во филмот главните улоги ги толкуваат светски познатата актерка Наоми Рапејс, како и Алис Енглерт, Анамарија Маринка, Сара Климоска, Феликс Маритод, Арта Доброши, Верица Надеска, Камка Тоциновски и др.

Филмот за пошироката публика во светските кино сали ќе биде пуштен на 1 април 2022 година.

Во продолжение погледнете го трејлерот за овој хорор-драма филм

За авторот на оваа статија

>