Дали ви е потребна позитивна мелоритмика, со која ќе излезете од секојдневните лавиринти по кои се движите. Наместо со тешки чекори по вжештена земја може да зачекорите со леснотија по бранот на позитивни вибрации пласиран во етерот од страна на Македонскито реге состав Conquering Lion со нивниот нов сингл “Long Time” (Долго време).
За овој музички проект кој што кога влезе низ вашите ушни рецептори во вашата глава многу тешко излегува долго време, Conquering Lion соработуваат со пеачката Дани, што е нивна прва соработка. И мора да признаеме дека е особено интересна и нешто би рекле недостига на музичката сцена во Македонија. Фузијата на реге музика со класичен поп-рок вокал каков што во својот сензибилитет го крие Дани е сигурно поле кое што допрва може да биде посеано.
Песната е снимена од Гоце Трпков (DJ Goce) кој што направил убава и колоритна музичка продукција, во студиото Bootlegz Basement Lab. Продукцијата на видеото е на Јовица Рафајловски како снимател, а монтажата е на Томи Акимовски.
Овој сингл е супер најава на претстојниот шести албум на бендот кој со нетрпение се очекува од страна на големата “армија” фанови ширум Македонија но и поширокиот регион.
Поврзано
“Кога падна на Пирина” е новата обработка на рок бендот Некст Тајм. Најава за премиера
Од супер модел на Израел до светска филмска икона- успехот на Гал Гадот плени со инспирација
Хоакин Феникс по 22 години пак соработува со Ридли Скот. Сега на филмот “Наполеон”