Ако некој барем малку се сомнева во моќта на Македонскиот креативен набој особено на полето на музиката, тогаш дајте му ја да ја слушне оваа песна.
Новиот сингл на Македонскиот композитор, мулти инструменталист и автор на веќе завиден број на убави музички парчиња на Никола Мицевски споделени преку неговиот јутјуб канал под насловот “Време” (анг. “Time”) блеска со својот раскош на звукот, богатството на креативни идеи и совршена музичка реализација низ широк и колоритен аранжман.
Овде во ова музичко дело се чини дека музичкото вдахновение целосно било “злоупотребено” со една цел- да се додаде нова енергија на Македонскиот музички израз во ова бреме на преживување зафатено со мултиполарни кризи од најразличен вид.
Симфонискиот доем на песната претставува многу вешто импутирана обланда за сите домашни но уште повеќе и странски сладовкусци кои што верувам дека очекуваат нова порција од ваквата сладурина.
Неизбежните Македонски ритми се толку префинето вкалкулирани во целата музичка равенка што делуваат светски на ниво на глобална поп култура иако произлегуваат од еден своевиден алтернативен свет на создателство.
На песната свое забележително гостување има и еден од најдобрите балкански гитаристи Дамјан Пејчиноски кој знае својот гитарски опус да го вткае нераскинлово во едно вакво музичко остварување.
Вредно музичко откровение во оваа 2022 година за кое верувам дека нема да биде единствено.
Послушајте, но и внимателно погледнете:
Поврзано
“Кога падна на Пирина” е новата обработка на рок бендот Некст Тајм. Најава за премиера
Од супер модел на Израел до светска филмска икона- успехот на Гал Гадот плени со инспирација
Хоакин Феникс по 22 години пак соработува со Ридли Скот. Сега на филмот “Наполеон”