НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
7 децембра, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Новата стратегија: Човек од народот, за народот, со народот

ВМРО е народот и народот е ВМРО!

Овој лајт мотив на секој кој во себе го носи кодот на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација треба да има посебно значење во филозофијата на живеење и делување на еден политички самосвесен човек за важноста и суштината на неговиот политички ангажман.

Суровоста на хибридниот режим во Македонија во основа се базира на силата и значењето кое што му го дава изборниот легитимитет на предвремените парламентарни избори во 2020 година со распоредот на политичките сили во собранието, таков каков што е моментално.

Легитимитет стекнат на избори (без разлика на начинот на кој што беше извојувана таа политичка моќ) може единствено успешно да биде одземен на избори!

Да! Тоа е можно, но и особено значајно и потребно во актуелниот геостратешки контекст на Балканот и во светот.

Прашањето е како да се дојде до парламентарни избори, но и на кој начин ќе се води политичката борба до изборите? Дополнително она што мене а верувам и мнозинството Македонски народ го интересира е прашањето како по изборите? Овие три прашања апсолутно е потребно да се третираат во ист контекст, за да обезбедиме соодветно ниво на промени кои што ќе значат прво запирање на актуелниот штетен тренд на пропаѓање на Македонската држава а потоа и подобрување на состојбата.

Видовме дека со власта предводена на СДСМ и коалицијата во партнерство со ДУИ со секој нов ден се пробива дното на негативни трендови во функционирањето на државата како и во животите на секој еден поединец.

Оттуѓеноста на актуелната власт од своите граѓани, одработувањето на скриени агенди за кои што претходно челниците на СДСМ експлицитно и јавно лажеа во јавност со огромно ниво на јавна корупција и евидентни случаи на криминал несанкционирани од политички компромитираното судство/обвинителство се приоритетните проблеми кои што мора да бидат третирани и артикулирани решенија за нивно сузбивање. И оттука мора да започне широкиот фронт на обединување на сите поединци и групи во Македонското општество околу ваквите идеали за борба против актуелниот хибриден режим во Македонија. Спроведувањето на политики против волјата и интересите на мнозинството население оттуѓеноста на било која власт од народот, корупцијата и криминалот се основни антифундаменти на една минимум демократија во државата. Се после ваквите политички проблеми е второстепено, па дури и економските состојби.

  1. Злоделата од репресијата врз Македонскиот национален идентитет кои што актуелната власт ги направи и сеуште ги прави на штета против волјата на Македонскиот народ е историска тема која што постои откако постои зборот Македонија. Не е ништо ново! И се додека постои ваквата репресија ќе постои и активен отпор и борба против истата.
  2. Се сеќаваме ли на избраниците на Комунистичката партија на Југославија (Читај другарот Тито и шака негови режимски извршители) кои единствено тие имаа право да бидат власт во државата, додека обичниот народ беше „предодреден“ да работи во фабриките и полињата за да го одржи во живот тој комунистички режим? Епа токму СДСМ е партија која е сукцесор на ваквата моќ на „плавата крв“ која до ден денес живее во филмот дека е предодредена да владее на овој простор! И ваквиот дефект во политичките сваќања на група елитисти во власта ги прави да бидат оттуѓени од народот за чии што интереси кој во услови на една демократија треба да работат.
  3. Можеби во тековната година еден поединец ќе биде поткупен, ќе преживее физички задоволувајки некое основно ниво на егзистенцијални потреби, но што станува понатаму?
    Дали добро сме ја разбрале мудроста на нашиот Бог Исус Христос во која се вели:
    „Ако сакаш да нахраниш човек за еден час дај му риба. Ако сакаш да нахраниш човек за цел живот научи го да фаќа риба“.
    Оваа мудрост на најлош можен начин се злоупотребува од актуелната власт во државата, задоволувајки ги егзистенцијалните потреби на определена категорија на граѓани по пат на јавна корупција (ваучери, вработување во администрација, социјална помош, прехрамбени пакети, еднократен додаток на пензии, помош на сопственици на фирми…) во функција на остварување на политичка корист на избори за ваквите „доброчинители“ со пари од сите граѓани во државата.
  4. Истовремено во државата се спроведува селективна правда која е полоша од неправдата.

Овие четири параметри мора да бидат врвот на сарисата за борба против актуелната режимска власт. Најсилните адути на кои се базира владеење на СДСМ и ДУИ мора да бидат жестоко нападнати, со сите расположиви политички сретства за да биде разнишана суштината на нивното владеење.

Во таа борба веќе има и тоа какви жртви кои на свои плеќи го носат бремето на таа политичка пресметка. Политичкиот непријател не е за потценување, но моќта на обединет народ е единствената непоразена сила во сите стадиуми на развој на општественото живеење.

ПС. Секој обид за дестабилизација и радикализација на политичката состојба во Македонија оди во прилог на продолжување на владеењето на СДСМ и ДУИ.

ППС. Пред нешто повеќе од една година пренесов свој личен став јавно дека против ваквиот хибриден режим кој што е на власт во Македонија „гандиевски отпор“ е еден од начините за негово детронизирање.

Пишува: Кирчо Анастасов

За авторот на оваа статија