НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
март 27, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Новата варијанта на корона вирусот наречена Omicron (B.1.1.529)забрзано се шири во Јужна Африка

Новата варијанта на корона вирусот наречена Омикрон (по грчката буква) ( Omicron (B.1.1.529) ) алармантно засилено се шири глобално со забрзано темпо. Многу земји ги затвараат своите граници од ризик за негово ширење. Omicron (B.1.1.529) варијантата има 30-тина мутации во нејзиниот спајк протеин. За нејзиното постоење најпрво е јавено во Јужна Африка на 24 ноември. Првиот потврден случај на зараза со Omicron (B.1.1.529) се однесува на човек кој се заразил на 9 ноември. Оваа варијанта со нејзините голем број на мутации е вистински аларм за здравствените власти ширум светот. Бројот на заразени случаи со оваа варијанта се шири во сите провинции во Јужна Африка. Првичните докази базирани на испитувања говорат за зголемен ризик од реинфекција со оваа варијанта. Постојните PCR тестови за SARS-CoV-2 го детектираат постоењето на оваа варијанта. Неколку лаборатории посочуваат дека еден од трите геноми не е детектиран кај оваа варијанта (недостиг на S геном) па на тој начин со постојните PCR тестови може да се маркира оваа варијанта со понатамошно секвенционирање на потврдата за нејзино постоење.

Користејки ја оваа метода оваа варијанта забрзано се детектира во нејзиното ширење наспроти брзината на детектирање на претходните варијанти, што сугерира дека оваа варијанта има голем раст во нејзионото ширење.

Извор: Светската здравствена организација

За авторот на оваа статија

>