Сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на Законот за земјоделство и рурален развој кои што извршиле набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи од увоз или од признати организации согласно законот за сточарство во периодот од 1 октомври до 31 декември 2021 година имаат право да поднесат електронско барање за поврат на одреден процент на направените трошоци за ваквата набавка.
Станува збор за имплементација на Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства која се спроведува во рамки на програмата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за 2022 година.
Оваа мерка се кофинансира од страна на АФПЗРР во висина од 50% од направените трошоци од страна на апликантите по принцип на поврат на направени трошоци. Ставката за кофинансирање се зголемува на 55% за млади земјоделци, за инвестиции во подрачја со ограничени можности оваа ставка се зголемува на 60% или на 65 кога аплицира млад земјоделец во подрачје со ограничени можности. За инвестиции направени во непристапни рурални заедници поддршката изнесува 75% поврат на сретства од направените трошоци.
Секој земјоделец кој што ги исполнува барањата на повикот може да аплицира електронски на интернет апликацијата достапна на www.e-baranje.ipardpa.gov.mk
Поврзано
Македонското јаболко од реколта 2022 ќе оди како ужинка за учениците во Македонските училишта
Исплатени над 110 мил. денари субвенции на млекопроизводителите. Дали се доволни за опстанок на земјоделците?
Николовски: Ја следиме состојбата со производството на пченица