НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 9, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Од супер модел на Израел до светска филмска икона- успехот на Гал Гадот плени со инспирација

Гал Гадот е актерка и моден модел од Израел. Таа ја доби титулата Мис Израел во 2004 година и отиде да ја претставува својата земја на натпреварот за Мис Универзум. Гадот е позната по својата улога Жизел во филмот “Брзи и бесни”. Гал Гадот е родена и израсната во Израел и нејзиното име стана бренд во нејзината татковина. По нејзиниот настап на Мис Универзум на 18 годишна возраст многу маркетинг и модни агенции ја забележаа од Израел и од Европа. По спроведени неколку локални кампањи за Елит, Супер фарм и Штраус, таа започна да работи за странски брендови како што се  Perry Ellis, La Perla Lingerie, Arena, Danza, Esprit, итн.

Во 2008 година избрана е да биде заштитно лице и водечки модел за Кастро- најголем моден бренд за облека во Израел која што потоа прерасна меѓународна компанија. Исто така Гал Гадот се појави на насловните страни на многу магазини и весници и многу модни едиториал изданија. Иако многу израелки ја започнуваат својата армиска служба на 18 години, Гал Гадот ја започнала нејзината служба на 20 години и продолжи да работи како модел за време на нејзината двегодишна армиска служба. Наскоро по нејзиното напуштање на армијата од САД изразиле интерес за младата израелка. Престижниот американски магазин “Максим” изразиле желба Гал да биде на нивната насловна страна и била поканета да присуствува како специјален гостин на свечен ручек во Њу Јорк. Секси фотографијата предизвикала огромни контраверзи како во САД така и во Израел, а популарноста ја донесе Гал на насловната страна на Њу Јорк Пост.

Помеѓу помладата популација таа во светски рамки е позната по улогата во холивудскиот блокбастер “Wonder woman” со кој таа ги прошири своите хоризонти на светска слава.

За авторот на оваа статија

>