Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски преку социјалните мрежи упати порака по повод 14ти Ноември – Денот на ослободување на Ѓорче Петров.
“Нека ни е честит и вековит 14ти Ноември – Денот на ослободување на Ѓорче Петров.
Овој ден е можност да се потсетиме на борбата и непокорот и да си ветиме дека заеднички ќе ја продолжиме заложбата на храбрите борци.Нема слобода без борба и нема успех без единство, слога и заедништво. Борците на македонската војска кои пред 77 години се бореле во антифашистичката борба, се нашите херои денес, а нивните имиња со златни букви се испишани на спомениците низ Ѓорче Петров: во паркот, во Кучково, Волково, Ново Село, Орман. Славата е нивна, а слободата е заедничка. Токму заради единството, храброста и заложбите на борците ние денес живееме во слободно и демократско општество.Со одбележувањето на 77 години од ослободувањето на Ѓорче Петров денес се сеќаваме на борбата за слобода, но и на обврската истата да ја браниме денес, да ги почитуваме и негуваме споменот и долгот кон традициите и кон борците од сите времиња.Денес, во нашите современи битки се бориме за зачувување на историјата, на јазикот и на државата. Тоа се постулати за нашето слободно чекорење напред, на решавање на проблемите на граѓаните, реализирање на проекти, урбанизирање и модернизирање на општината и на работење за доброто на нашиот народ.Нашите современи битки ќе бидат нашите заеднички победи. Мојата работа и работата на мојот тим е да овозможиме услови за убави денови во којшто слободни и среќни ќе ги остваруваат своите соништа.
Преку заедничка работа со граѓаните, да ги претвориме зборовите во дела чиј благодет ќе го почувствуваме сите заедно. Само преку заедничка и напорна работа еден ден и ние ќе оставиме историја со која поколенијата ќе се гордеат. Чест ми е што имам можност да сум дел од тоа.Ѓорче го чекаат подобри времиња, а новата иднина е нашиот сон за времето кое доаѓа.”
-напиша на фејсбук Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот