НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
март 29, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Општина Кочани: Најава за Јавна дебата со граѓанските организации од Кочани за соработка и имплементација на проекти

Пренеси ја вистината

Во рамките на проектот ReLOaD2 што го реализира Општина Кочани со Програмата за локална демократија – УНДП, на 21.12.2021 година (вторник), со почеток во 12,00 часот, во салата на Советот на општина Кочани (венчална сала), ќе биде одржана Дебата со граѓанските организации од општина Кочани за приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината. На дебатата ќе бидат разгледани приоритетите од областа на: туризмот, социјалната инклузија, заштита на животната средина и младински иницијативи.

Имено, прифаќањето на апликацијата и вклучувањето на Општина Кочани во реализација на оваа регионална програма на УНДП претставува нов значаен поттик за натамошно унапредување на соработката со граѓанските организации за што Советот на општина Кочани донесе одлука за кофинансирање проекти на граѓански организации во рамките на јавните повици организирани преку Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLOaD2). Предвидено е 20% кофинансирање на проектите од страна на  Локалната самоуправа од вкупниот износ на средства на граѓанските организации што ќе бидат распределени во следните три години, во износ од околу 80.000 долари од Програмата за локална демократија.

Приоритетни области на Општина Кочани во рамки на проектот ReLOaD2 се дадени на следниот линк.

Извор: Општина Кочани

За авторот на оваа статија