НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Општина Лозово спроведува проект поддржан од UNDP за третман на органскиот отпад во зелени економии

Како дел од програмските определби на градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски, општина Лозово започна со реализација на повеќе активности кои што се дел од проект на UNDP за трансформација на отпадот во храна во рамки на политики за зелена економија на локално нио во општината.

✍️Во рамки на проектот поддржан од UNDP, Waste Into Food (Organic waste in green economy) – “Од Отпад, до Храна (Органскиот отпад во зелената економија)”, Општина Лозово започнува низа активности во делот на:

⭕️Како органскиот отпад да го искористиме одговорно?

⭕️Правилното справување со органскиот отпад како еден од приоритетите на Општина Лозово.

👉За главните предизвици од оваа проблематика, тимот на општината имаше можност да разговара со Елена Бодикова од Словачка, меѓународна консултантка за управување со отпад.

✅Таа ги презентираше добрите практики за справување со отпадот во руралните општини во Словачка и ќе нѝ помогне успешно да ги имплементираме сите активности во рамки на проектот „Отпад до храна – органскиот отпад во зелената економија“, кој општината го реализира со поддршка на UNDP MK

⚠️Овој проект има огромно значење, бидејќи ќе придонесе за почиста животна средина, но и за зголемување на приходите на Општина Лозово и подобар квалитет на живот на сите наши жители.

✅За таа цел обезбедени се 1️⃣0️⃣(десет) контејнери, кои ќе бидат поставени на повеќе локации на територија на општина Лозово

✅Отпочната е кампања за подигнување на националната свест поврзана со селекцијата на органскиот смет и предностите за граѓаните на општината од експлоатацијата и рециклирањето на овој тип на отпад

🤝Проектот „Отпад до храна – органскиот отпад во зелената економија“ се имплементира со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка Ministerstvo financií SR

#ОтпадДоХрана#WasteIntoFood

п.с. Квалитетот на живот на граѓаните во општина Лозово е наш прв приоритет🫶

-информираше градоначалникот Бошко Цветковски за јавноста.

За авторот на оваа статија

>