НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
март 24, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Општина Охрид започнува постапка за брендирање на биосферен резерват на УНЕСКО Охрид-Преспа

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков ја информира јавноста дека тој како градоначалник и општинската администрација во Охрид започнуваат постапка за брендирање на услуги и издавање на сертификати од Биосферен резерват на УНЕСКО Охрид- Преспа. Ваквиот процес на трансформација на локалната економија ќе се одвива во соработка со Билатералниот секретарјат за сливот на Охридското езеро и фондацијата Сантагата од Торино- Италија со чии што претставници градоначалникот Пецаков оствари онлајн средба.

“Преку ,,ZOOM” платформата остварив средба со претставникот на Fondacione Santagata – Торино, господин Алесио Ре и Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро. Заедно започнуваме постапка за брендирање на услуги и издавање сертификати од Биосферен резерват на УНЕСКО Охрид – Преспа. Дополнително разговаравме за можности за заедничко изготвување и аплицирање за проекти во Биосферен резерват Охрид – Преспа.Како пример за успешно спроведен процес беше презентиран Биосферниот резерват Монвизо – Италија.”

-соопшти Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во врска со започнатиот процес.

За авторот на оваа статија

>