НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
7 децембра, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Општина Штип денеска беше преполна со детски џагор

Денеска во посета на Градоначалникот на Штип Иван Јорданов беа дечињата- ученици во Основното општинско училиште “Славејко Арсов”. Просториите за младите ученици на опшштинската администрација беше отворена во рамки на нивната настава по предметот “Општество” во кое дечињата учат за локалните институции и нивните надлежности.

“Денес нѐ посетија учениците од ООУ “Славејко Арсов”, кои теоретската настава по предметот Општество, ја надополнија со практичен дел – посета на Општина Штип и запознавање со надлежностите на локалната самоуправа.

Ова беше одлична можност да се запознаеме, да научиме нешто повеќе, а на тој начин и да ја зајакнеме врската и комуникацијата со најмладите жители на нашиот град.”

-соопшти на социјалните мрежи Градоначалникот Јорданов во врска со оваа симпатична посета на општинската администрација.

Извор: Брегалнички.мк

За авторот на оваа статија