НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 21, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Општина Штип е првата општина во регионот, која доби софистицирано, модерно и енергетски ефикасно улично осветлување

Општината, заедно со чешката компанија ИЦС-Системи, во изминатиов период работеа интензивно и овозможија Штип да добие уникатен изглед. Имено, во изминатиов 6 месечен период, Штип доби околу 5.000 нови светилки, а во наредните години, интензивно ќе се проширува мрежата на осветлување во секоја населба во овој брзорастечки град. Како резултат на таа соработка, вчера во Штип беше претставник од Амбасадата на Чешка во Македонија, со кој, Градоначалникот на Општина Штип размени идеи за понатамошна бизнис соработка, образовна размена и институционална надоградба.

“Да најавам во иднина еден проект за целосно осветлување на Штип, односно за осветлување на сите темни точки во нашиот град, улици кои што досега никогаш не биле осветлени. Во соработка со компанијата, во наредниот период во наредните месеци Штип ќе добие еден нов сјај, подобрување на уличното осветлување, секако на задоволство на нашите сограѓани. Впрочем тоа го ветивме во предизборниот период во нашата предизборна кампања и денес полека се спроведува тој проект.”

-соопшти во јавноста Иван Јорданов- Градоначалник на општина Штип за јавноста во врска со реализацијата на овој проект.

На средбата во кабинетот на градоначалникот Јорданов покрај претставник од фирмата ИЦС Системи присуствуваше и Конзулот од Чешката Амбасада Давид Черногорски, кој ја поздрави соработката на градоначалникот Иван Јорданов со оваа чешка фирма

Врската меѓу двете земји и понатаму ќе се развива и продлабочува, за кое ќе се заложат и двете страни, а доказ за тоа е овој состанок и воспоставените релации со компанијата ИЦС – Системи.

За авторот на оваа статија