Интегрален текст на амбастадата на Руската Федерација во Република Македонија:
За време на долгиот телефонски разговор инициран од француската страна, Владимир Путин и Претседателот на Француската Република Емануел Макрон имаа сериозна и темелна размена на мислења за сите аспекти на ситуацијата околу Украина.Француската страна ги истакна познатите ставови за специјалната воена операција која ја спроведува Русија за заштита на Донбас и изрази надеж за брзо решавање на актуелниот конфликт преку дијалог и преговори со Киев.
Владимир Путин истакна дека таквото решение е можно само со безусловно разгледување на легитимните безбедносни интереси на Русија, вклучувајќи го и признавањето на рускиот суверенитет над Крим, решавањето на задачите за демилитаризација и денацификација на украинската држава и обезбедување на нејзиниот неутрален статус. Во исто време, беше забележано дека руската страна е отворена за преговори со претставници на Украина и очекува дека тие ќе доведат до посакуваните резултати.
Претседателот на Русија посвети посебно внимание на тоа дека руските вооружени сили не им се закануваат на цивилите и не напаѓаат цивилни објекти. Заканата доаѓа од украинските националисти, кои го користат цивилното население како жив штит, намерно поставуваат системи за ударно оружје во станбени области и засилено ги гранатираат градовите Донбас.Владимир Путин и Емануел Макрон се договорија да останат во контакт.
Поврзано
Врховниот суд во Њу Јорк пресуди во корист на невакцинираните кои беа отпуштени од работа
Средба на Ковачевски со турскиот претседател Ердоган
Од ова потажно не може: Џо Бајден игнориран во сопствениот дом- Белата куќа