Цветан Трипуновски кој што е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на Брегалничкиот регион каде се сретна со повеќемина градоначалници на општини кои што беа погодени од поплавите кои го зафатија ова подрачје пред повеќе денови.

Денеска сум на покана на градоначалниците кои што се опфатени со поплавите извесен период.
Разговаравме за сите можности кои што стојат на располагање, се советувавме како во наредниот период да не се повторат вакви ситуации и навремено да се превенираат. Она што морам да го потенцирам е дека еден од главните виновници за ова кое што се случи пред недела дена е АД Водостопанство на Република Македонија затоа што тоа е претпријатие кое што има законска обврска да се да се грижи за наводнување, но исто така и за одводнување на површините ширум Република Македонија, дали се работи за земјодлеските површини, или уредување на речните корита кои што се наоѓаат на нашата територија. За жал сведоци бевме изминатите 5 години дека АД Водостопанство освен правење профит од нелегалниот ископ на чакалот од речните корита, луксузирање на државен трошок, практично ништо не се работеше и затоа денеска можеме да заклучиме дека вакви ситуации ни се случуваат. Она то исто така сакам да го потенцирам е дека градоначалниците и на ваква иницијатива, и покрај тоа што изостана помошта од страна на централната власт успешно успеа да се справи со ваква ситуација и ова координација која ја наравија помеѓу себе и во иднина и во наредниот период се превенираат вакви ситуации, затоа што пред се граѓаните заслужуваат однос каков што треба, а не како што го практикува СДСМ во изминатите 5 години,
-соопшти денеска за медиумите и јавноста Цветан Трипуновски- член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
а
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити