НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
ноември 26, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Во текот на вчерашниот ден Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски пред јавноста ги презентираше проектите реализирани за граѓаните на Лозово во првите 100 денови од неговиот мандат на челната позиција во општината.

“Во изминатите 100 дена, заедно со мојот тим, пред вас граѓаните, на дело го спроведуваме концептот на транспарентно и одговорно работење, како и подготвеноста да излеземе во пресрет за сите потреби, информации и помош во решавање на проблемите кои се во домен на Локалната самоуправа”

-соопшти Бошко Цветковски на почетокот од своето обраќање пред присутните.

На настанот насловен како „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој што од страна на ВМРО-ДПМНЕ се реализираше во Велес Градоначалникот Цветковски накратко се наврати на состојбата во која ја затекна општина Лозово кога кја превзеде функцијата градоначалник.

“Најголем проблем со кој се соочи општината по преземањето на власта била затекнатата финансиска состојба и ликвидноста на Општината и Јавното Комунално Претпријатие, но и покрај тоа вложени се напори за реализација на ветените проекти.

Во изминатите 100 дена jа отворивме општината за сите граѓани. Ги намаливме непродуктивните трошења, и досега немам потпишано ниту една сметка за репрезентација на товар на општината. Службените возила, денес се користат само за службени цели.  Вработените во Јавното претпријатие ги добија сите заостанати плати, со што после подолг временски период имаат здравствено осигурување.

Во четири години конечно е ставен во функција бунарот во с. Ѓуземелци кој ќе се користи за потребите на системот за водоснабдување на корисници со питка вода во населено место Лозово.

Како одговорен татко на општината лично јас од сопствени средства и граѓански активизам извршивме санација на мостот кој се наоѓа на ул. Коле Неделковски во Лозово. Санирани се оштетените бетонски делови на надворешната страна и подлогата која не беше безбедна за сообраќај и движење на луѓе. Сега Коловозната конструкција на мостот е целосно обновена со армиран бетон. Во тек е изработка на техничка документација „За изградба на затворен пазар во Лозово“, проект кој е финансиран од UNDP преку повикот за градење на општинските капацитети „Фонд за техничка документација“. Како одговор на Одлуката за алоцирање на средства од договорот за заем „Проект за поврзување на локални патишта “, кои ќе бидат финансирани од Светка банка во соработка со Министерство за транспорт и врски, добиени се 5 проекти за реконструкции на 28 улици во 5 населени места на територијата на општина Лозово.

Потпишан е договор и распишана јавна набавка за реконструкција на Локален пат Гуземелци (Општина Лозово)-Кнежје (Општина Свети Николе) финансиран од  Биро за регионален развој (Министерство за локална самоуправа) во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион и кофинансирање од општина Лозово и Општина Свети Николе.

“Во тек е изградба на примарна водоводна мрежа во с.Каратманово финансирана преку ТАВ програма во вредност од над 7 милиони денари. Добиен е проект  за изградба на Канализациона мрежа во с.Гуземелци во вредност од 140 000 евра. Овој Проект ќе биде финансиран од Европска Инвестициона Банка во соработка со Министерството за транспорт и врски и кофинансирање од буџетот на Општина Лозово. Отпочната е постапка за комплетирање на проектна документација за изградба на пристапен пат и прочистителна станица за вода од хидросистемот Злетовица,финансиран од МЗШВ.

Iзработен е проект за Хортикултурно и Партерно уредување на Централното Основно Училиште Методи Митевски Брицо Лозово, извршена е бетонажа на Игралиште за баскет во дворот на подрачното училиште во с.Дорфулија, извршена е бетонажа на Пристапна патека во дворот на подрачните училишта во с.Дорфулија и  с.Милино.

Одобрена е Апликација за обновување на Јавнотото осветлување преку поставување нови 440 фотоволтаични системи или ЛЕД арматури во сите населени места во општината,  проект кој ќе биде финансиран преку заем од Светска банка во соработка со  Министерство за финансии. Во време кога Република Македонија се соочува со недостаток на електрична енергија од голема важност е искористување на обновливите извори на енергија. Општина Лозово ќе го искористи потенцијалот што го поседува со искористување на ветровите во ова подрачје и сончевата енергија. За таа цел би сакал да ве известам дека отпочната е процедура од приватен инвеститор и наскоро во Општина Лозово ќе бидат изградени ветерни и фотоволтаични електрани во м.в. Кантон во с. Ќоселери.

Поставена е  мобилната амбуланта во која се обавуваат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од сите населени места за да се зголеми бројот на жени од ранливите групи, и од руралните и оддалечени места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи.

Денес можеме со гордост да се пофалиме дека ООУ Методи Митевски Брицо, во овој момент е најдобро опремено Училиште во Централниот и Источниот регион во Република Македонија. За таа цел, извршивме набавка на техничка опрема, како за централното, така и за сите подрачни училишта при ООУ М.М.Брицо. Согласно препораките од МОН, обезбедивме таблети за Учениците од прво и четврто одделение со кои овозможивме услови за квалитетен наставен процес . Извршивме набавка на смарт табли со LCD проектори кои ќе бидат користени за одделенска настава во централното и подрачните училишта. Обезбедивме  Интеракивни панели за потребите на наставниот кадар и учениците кои следат предметна настава.

Периодот што следи ќе продолжиме да се залагаме за подобри услови во реализација на воспитно-образовниот процес, осовременување на опремата и користење на нови нагледни средства во наставата,”

-соопшти Бошко Цветковски- Градоначалник на општина Лозово.

Целиот настан со презентација на проектите на останатите градоначалници од Вардарскиот регион може да го погледнете на видеото во продолжение:

За авторот на оваа статија

>