На денешен ден пред една година Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов го започна својот мандат по победата на локалните избори во 2021 година.
Без ни малку резерва градоначалникот Паунов од првиот ден се зафати со решавање на наталожените проблеми на жителите на општината Карбинци со реализација на ветените проекти како и реализација на сите останати активности кои што на дневна основа се појавуваа во рамки на неговиот делокрг на работа.
Блиската соработка и постојана комуникација со граѓаните на дневна основа беше препознатлив начи на работа на градоначалникот Паунов, што беше основа на неговото политичко делување пред да стане градоначалник, но сега со посилен интензитет.
Па така во изминатата година од мандатот на градоначалникот Виктор ПАунов беа реализирани голем број на проекти кои што беа дел од неговата предизборна програма, но дел се наметнаа како секојдневна потреба во текот на неговото работење.
Денеска една година потоа градоначалникот Паунов како што доликува на еден народен градоначалник, излезе со свој Отчет за јавноста но пред се за граѓаните на општина Карбинци, со сите реализирани проекти во изминатата година.
“Почитувани,
На денешен ден пред 1 година ја превзедов функцијата градоначалник на општина Карбинци. Со многу труд, посветеност и визија работев чесно за да ја оправдам вашата доверба. Вие чесниот народ бевте и ќе бидете мојата мотивација и за понатаму. За 1 година во нашата општина покажавме дека можело да се работи ако се умее, да се гради ако се сака, проблемите да се решаваат на дневна основа.
За само 1 година во општина Карбинци ги реализиравме проектите:
Изградивме повеќе од 5км улици и патишта во селата Д.Балван, Таринци, Карбинци, Радање, Аргулица, Козјак, Кучица, индустриска зона – Таринци.
Изградивме ново спортско игралиште во Крупиште
Го реконструиравме уништеното игралиште во Карбинци
Повеќенаменска асфалтна површина од 500м2 во село Кучица.
Поставивме нова урбана опрема за дечињата во детската градинка ,,Кокичиња”
Започнавме со реконструкција на мостот кај село Долни Балван на река Брегалница кој поради неводење грижа во минатото се случи да биде оштетен.
Го завршивме уредувањето на речното корито на Козјачка река во Карбинци и веднаш започнавме со следна фаза за уште 135м долж течението на реката со што обезбедуваме сигурност и заштита на населението од поплави и го разубавуваме урбаниот лик на Карбинци.
Го решаваме водоснабдувањето во 8 населени места со изградбата на 18км цефководи со што ќе бидеме поврзани со ХС Злетовица и проблемите со вода за пиење во селата Радање, Таринци, Црвулево, Аргулица, Карбинци, Д.Балван, Козјак и инд. зона ќе бидат минато.
Го уредивме влезот на селото Таринци со нови паркинг места и еден модерен урбан лик.
Изградивме парк од 2000м2 покрај регионалниот пат Таринци – Плачковица
Го отстранивме објектот кој беше во распаѓање старата спорстка сала во Долни Балван каде во следниов период ќе направиме и реконструкција на кровот и остантиот дел од зградата.
Го подобривме сервисирањето на уличното осветлување со штедливи и модерни сијалици.
Нов модерен лик доби плоштадот во с.Таринци со помош на жителите реконструиравме урбана опрема и поставивме ново модерно осветлување
Дадовме поддршка од 3000 денари за секое запишано првооддленче во нашето училиште, секој запишан средношколец и бруцош на државен универзитет.
Нови брендирани бесплатни униформи за учениците во ООУ ,,Страшо Пинџур”
Безплатен училиштен ранец и прибор за сите првоодделенчиња.
Целосно ново опремено подрачното училиште во Крупиште.
Поставивме ,,лежечки полицајци” на 4 локации во нашата општина се со цел подобрување на безбедноста на жителите.
Преку програмата од ТАВ градиме нов водовод за плачковичкиот регион каде се обезбедени средства за изградба за половина од трасата со што во иднина ќе продолжиме со втората половина.
После 3 години промашена изградба на мостот на Козјачка река во Карбинци успешно го завршивме за само неколку месеци.
Исчистивме неколку диви депонии кои ни беа долгогодишен проблем во повеќе населени места.
Аргулица за прв пат после неколку децении доби техничка вода низ каналите во селото, заедно со МЗ и жителите го решивме овој проблем.
Тампониравме полски патишта во повеќе атари во местата Долни Балван, Карбинци.
Дадовме поддршка за нашите спортски клубови ФК Карбинци и БК ,,Киро Ристов”
Драги пријатели, обезбедивме финансиски средства за повеќе крупни проекти кои во следниот период ќе ги реализираме а тоа се:
Реконструкција на клучниот патен правец Долни Балван – Таринци со изградба на пешачко велосипедска патека.
Доградба на детската градинка ,,Кокичиња” за уште 50 дечиња.
Нов резервоар за вода со цефковод за селата Долни Балван и Нов. Караорман
Реконструкција на главната улица во должина од 500м со атмосверска канализација во Таринци.
Електрификација на локалитетот ,,Баргала”
Обезбедивме и техничка документација за:
Уредување на каналот ,,Герен” во Д.Балван.
Доградба и реконструкција на ПУ ,,Страшо Пинџур” Таринци
Нова детска градинка со капацитет од 100 деца во Карбинци.
Велосипедско пешачка патека Таринци – Карбинци во должина од 1,8км
Целосно осветлување на речното корито на Козјачка река во Карбинци
Во Карбинци 1 година на се користат репрезентации за кафеани, службени телефони и возила за лични потреби.
Пред нас има многу работа, Вие жителите сте мојот МОТИВ, ќе продолжиме посилно за нашата општина Карбинци да биде подобро место за живеење затоа што тоа го заслужувате!”
-соопшти градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов денеска во известување за јавноста.
Извор: Брегалнички портал
Поврзано
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот
Македонска Каменица реализира проект за интегриран систем за рана детекција на пожари