НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
март 29, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ, „Концепт 28“ е насловената програмата со фокус на луѓето

Пренеси ја вистината

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски.

До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во која според Деспотовски фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата „Концепт 28“ нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките.

Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена.

Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на следниот линк: https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori.

Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кое се во согласност со наведените критериуми.

Извор: СДСМ

За авторот на оваа статија