НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
7 децембра, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Овде не е место каде паднал руски проектил. Ова е градската депонија во Делчево

На социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден беше објавено видео од страна на земјоделец кој што си ја ора нивата со својот трактор. Во позадина на видеото се гледаат сцени од градската депонија во Делчево која што непрекинато чади веќе подолг период наназад со отровни материи кои што паѓаат во пониските делови од делчевската котлина-во самиот центар на градот Делчево.

Бројните апели на жителите на Делчево и повеќе околни села кои беа упатени во јавноста минатата недела но и повеќе години наназад, не успеаа да предизвикаат решение од надлежните служби во локалната самоуправа и Градоначалникот Горан Трајковски кој ја книжи својата петта година како градоначалник на Делчево.

Во јавноста беше објавена и фотографија на која што се гледа чадот од депонијата и сограѓани даваат графички приказ за движењето на отровните воздушни маси над Делчево.

За состојбата со отровните гасови кои ги емитира градската депонија во Делчево минатата недела своја реакција имаа и од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, но повторно без посебен супех за надминување на состојбата.

„До кога вака?“, е прашањето кое што си го поставуваат многу делчевчани кои мораат да го дишаат загадениот воздух во Делчево.

За авторот на оваа статија