Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата Северна Македонија е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја. Овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин. Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми.
НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС. Тој е само уште еден доказ дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна.
Пишува: Академик Катица Ќулафкова
Поврзано
Станавме како Кабул на времето но за новинари
Пакети со храна со логото на здружението “Иван Михајлов” и ликот на Цар Борис III се делеа во Битола и во Охрид
ЛАГ Експо 2022 – прв саем за локален развој во државата