Додека беа на највисоките владини и локални функции функционерите на СДСМ (Зоран Заев, Јагода Шахпаска, Мила Царовска, Стефан Богоев) минимум 5 пати се појавуваа во Карпош и пропагира во јавност за успешноста на нивните политики фалејки се со текот на изградбата на детската градинка “Мајски Цвет”.
Во текот на викендот се случил немил настан во кој паднал плафонот во занимална во која што денот го поминуваат млади дечиња. Цела среќа што немилиот настан се случил за време на викендот кога занималната била празна.
“Среќа во несреќа е што во градинката “Мајски цвет” (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има.
Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата.
Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна.”
-реагираше преку социјалните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот