Во услови на енормна криза во која граѓаните почнуваат да страдаат дури и за храна, во Охрид и во Битола беа поделени пакети со прехрамбени артикли, храна и основни прозиводи по повод Денот на македонската револуцинерна борба.
И во такви услови како спасители на осиромашеното Македонско население се јавуваат Бугарските клубови Ванчо Михајлов и Цар Борис трети, со надеж дека ќе ги одоброволат сиромашните граѓани на кои секаква помош им е добредојдена. На сликите објавени на фејсбук може да се видат пакети со масло за јадење, тестенини, конзервирана храна како и средства за хигена, додека пак помеѓу прозиводите, јасно може да се забалежат слики од Цар Борис Трети, логото на фондацијата „Бугарска Меморија“, како и логото на здружението именувано по соработникот на бугарската фашистичка окупација за време на втората светска војна, Ванчо Михајлов.

“По повод 129 годишнината од формирањето на ВМРО, Центар за култура „Иван Михаилов“ – Битолја, Здружението Цар Борис Охрид, со донација на д-р Милен Врабевски и Фондацијата Бугарска Меморија помогнаа со пакети со семејства во Битола и Охрид.”
-информираат од здружението Центар за култура “Иван Михајлов” од Битола.

Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити