НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Папазов: Да се формира комисија за проценка на штетите од поплавите и да се бара надомест

Градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов денеска на координативниот состанок на повеќе градоначалници од Брегалничкиот регион сподели повеќе информации во врска со настанатите штети од неодамнешните поплави кои ги предизвикаа надојдените води на река Брегалница и останати водотеци во Брегалничкиот регион, на територијата на општина Кочани.

Во координација со останатите градоначалници ќе се формираат регионални кризни штабови кои што ќе имаат за цел да превенираат но и да се справуваат со штети од поголем обем на територијата на повеќе општини.

“Денес општина Кочани и јас како градоначалник имавме можност да организираме еден иницијативен координативен состанок со градоначалниците од истокот, поврзан со неодамнешните случувања во врска со поплавите, чувствувајќи дека изостана поддршката од централната власт ние се договоривме за неколку работи.

-Најнапред се договоривме да формираме локални кризни штабови, од регионален и општински карактер, го утврдивме оперативниот план со кој се мапираа критичните точки, кои беа на удар од поплавите и ги утврдивме ресурсите со кои располагаме, расположлива опрема и човечки потенцијал. На крајот донесовме заклучок дека треба да се формира комисија за проценка на штетите и да се бара надомест за истите.”

-соопшти Љупчо Папазов, градоначалник на Општина Кочани.

https://www.youtube.com/watch?v=zGM-sxSLZ44

За авторот на оваа статија