НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 30, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Партнерството на Македонија со САД е поради реален интерес на македонските граѓани а симпатиите кон Русија се од индоктринарно-измислени причини

Република Македонија е Европска држава. Крстопат на цивилизациите, колевка на културниот диверзитет и и духовност. И како таква опстојува со векови. Иако е мала по територија во денешните граници со мал број на резидентни граѓани кои што битисуваат во државата, со тенденција на опаѓање на популацијата, сепак Република Македонија е современ политички субјект на светската мапа на држави и народи.

Етно-географскиот ентитет кој што е познат низ историјата како Македонија во сите ери на развој на овој дел од Европа бил предмет на геостратешки интерес на сите моќни владетели, империи, царства, држави… нормално следствено на ваквата традиција истиот тој простор е предмет на геостратешки интерес на моќните светски финансиски корпорации низ историјата кои што основна цел им е финансиски бенефит за нивна егзистенција и профит.

Надворешната политика на сите моќни држави од сите светски мередијани и во денешни современи услови за своја примарна цел го имаат остварувањето на свои интереси за нивен сопствен опстанок и добробит на нивното генеричко ткиво кое го претставуваат во етаблираниот модел на современа демократија. И повторно голем дел од овие политички субјекти дефинирани како држави или федерации на држави преку свои оперативни инструменти на делување се присутни на територијата на територијата на современа Република Македонија.

Ваквата фактичка состојба мора секој поединец кој што тежнее да артикулира свој политички став да ја има априори на ум во секоја можна ситуација.

Денешниот современ свет е во состојба на глобална криза од општ карактер која во себе импрегнира енермен раст на светска популација која прогресира неконтролирано, намалување на расположиви ресурси за живот на планетата земја по глава на жител, концентрација на огромно материјално богатство во рацете на мал број поединци, состојба на растечка девалвација на платежните валути, различни и многу често спротивставени индоктринарни модели на перцепција на реалноста.

Во овој денешен свет особено важно е да бидеме свесни дека чувствата и емоциите во меѓународните односи речиси и да не се присутни во донесување на одлуки и спроведување на политички агенди. Обично симпатиите, навивањето, благонаклонетоста кон еден или друг политички блок се базирани на индоктринарни елементи на формирање на јавна перцепција и мислење, а особено тоа е случај во денешна Македонија која е во средиштето на еден значаен геостратешки простор.

Само доктринарни, апстрактни (измислени) причини можат да ја оправдаат желбата на еден човек, една земја да врши агресија врз друга со многу материјални и човечки жртви во 21 век. Доктринарните т.н. идеолошки причини за ваквото расположение на голем број на Македонски граѓани се целосно од апстрактен карактер и немаат своја реална оправданост затоа што станува збор за уништување на животи на украинските граѓани. Украина е турната децении назад во својот развој и многу тешко самата ќе може да се опорави од оваа војна која донесе само страдање за луѓето. Прашањето за редефинирање на границите по етнички принцип на Украина што е основната причина за оваа воена агресија на Владимир Путин е доволно комплексно и заслужува подолготрајна и посуштинска анализа за ефектите од истото.

Наспроти апстрактните (измислени) причини за симпатиите на дел од Македонското ткиво за оправдување на воената агресија на Руската федерација врз Украина, во Македонија постојат и реални причини за јасните про-западни стратешки определби на Македонија веќе 3 децении наназад.

Западниот демократски свет е вклучен во оваа војна со долготрајни санкции кон авторитарниот режим присутен во Руската федерација. Македонија како држава и мнозинството Македонски народ што во себе имаат импрегнирано од памтивек длабоки демократски вредности со право се на страната на демократскиот про-западен свет.

На крајот на денот изборот се сведува на прашањето:

Дали се залагаме за вистинска демократија или за авторитарен режим.

Јас отсекогаш сум ја бирал и во една ваква ситуација повторно ја бирам демократијата, со сите нејзини маани и недостатоци наспроти бескорпулозноста на еден авторитарен режим како што е оној на Владимир Путин. Оваа војна во Украина која ја спроведуваат воените сили на Руската Федерација врз суверена држава во никој случај не е за оправдување туку баш напротив, за целосна осуда.

Интересот на Република Македонија во оваа алармантно влошена безбедносна ситуација во светски рамки е да биде на страната на демократијата и вистинските цивилизациски вредности!

Пишува: Кирчо Анастасов

За авторот на оваа статија