Откако неодамна беше објавена официјалната програма за овогодинешниот Тиквешки Гроздобер во Кавадарци истата наиде на голем број негативни реакции од страна на граѓаните. Негативните рекации на граѓаните се однесуваа за најавениот настап на српската турбо фолк ѕвезда Јелена Карлеуша која по се изгледа не е пожелна да настапи пред кавадаречката публика.
Во текот на денешниот ден Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев во свое соопштение им соопшти на своите сограѓани дека по нивните реакции настапот на Јелена Карлеуша е откажан, а дополнително се преговара со други музички имиња кои би можело да настапат на Тиквешкиот Гроздобер.
Градоначалникот Јанчев соопшти дека пледира оваа манифестација да биде најдобра манифестација од ваков тип во државата во наредниот период.
“Овие денови ја објавивме целосната програма за Тиквешкиот Гроздобер 2022 година. По пауза од две години , сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.
Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење. По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 ти септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер. Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум.
Кавадарци за сите.
И оваа година да создадеме убава и поинаква гроздоберска приказна.”
-соопшти Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот