НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
април 2, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

По барање на жителите на село Саса, прочистен пристапен пат до домовите. Општина М. Каменица експресно ги решава барањата на граѓаните

По барање месните и урбаните заедници во Македонска Каменица, деновиве екипи на општинските служби интензивно работат на решавање на долгогодишни напластени проблеми кои им создаваат потешкотии на граѓаните во нивниот секојдневен живот. Денеска по барање на на месната заедница и повеќе граѓани од повеќе маала во село Саса беше пробиен и расчистен пристапен пат до Требеш и дел од пристапен пат до Букоравенци. Со увид на лице место и согледување на ваквите проблеми Градоначалникот Димче Атанасовски реагираше експресно на барањата на овие граѓани за решавање на проблемот

Во наредните неколку денови ваквите активности од страна на градоначалникот Атанасовски ќе продолжат да се реализираат интензивно за надминување на проблемите со кои долги години живеат жителите во сите населени места во Македонска Каменица.

“Продолжуваме со решавање на проблемите на жителите од нашата општина. Денес во село Саса, прочистивме пристапен пат во маала Требеш и дел од пат кон маала Букоравенци, со што веќе се доближуваме до бројка од 200 решени барања на граѓани. Ќе продолжиме во сашката маала Груовци, во село Моштица и Тодоровци. Веќе кон средината на април ќе продолжат активностите во останатите рурални средини.

Продолжуваме посветено, нашите сограѓани го заслужуваат тоа.”

-соопшти преку социјалните мрежи Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица.

За авторот на оваа статија

>