НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
април 2, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика

Во рамки на расправата на 61 пленарна седница на која што на дневен ред беше ставен нпредлог за именувањето на член на државната Регулаторна комисија за енергетика па истиот беше тргнат од дневен ред свое актувно учество зеде и пратеничката Дафина Стојаноска која што аргументирано ги критикува политиките на актуелните власти во однос на работењето на РКЕ.

“Наместо РКЕ да се грижи за тоа граѓаните да плаќаат колку што е можно поевтина струја во оваа енергетска криза, Владата ни приредува шоу-програма во изборот на членови на ова “независно” регулаторно тело.

Имено, на денешната 61-ва пленарна седница предлогот за именување член на РКЕ е повлечен од страна на Владата. Најверојатно е дека притисокот на опозицијата го направи своето, но жално е што соодветните институции не реагираат и молчат.

Предложената Мерита Дема не ги исполнуваше законските услови за да биде предложена за членка на РКЕ, поточно немаше изминати 10 години работно искуство во областа на енергетиката.

Впрочем, и целиот состав на РКЕ е спротивен на законот за енергетика, затоа што сите седум членови се партиски зависни. Исто така, наместо еден правник, оваа комисија функционираше со двајца од мај 2021, што е исто така спротивно на законот за енергетика, според кој РКЕ треба да има само еден правник – член.

За крај, вчудоневидува и фактот што Владата во писмото испратено до Собранието вели дека заклучокот за овој предлог го донела на нејзината 129-та седница, одржана на 21.12.2021 година, а на самата web страна на ВРМ може да се види дека на седницата од тој датум воопшто не постои овој заклучок.

Ова е уште еден факт за незаконското работење на власта, за кое е време конечно надлежните институции да превземат соодветни санкции”

-соопшти преку социјалните мрежи пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

За авторот на оваа статија

>