НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Политичарите да работат повеќе за подобрување на правата на Македонскиот народ

На светскиот ден на човечките права 10 Декември, апелирам кон политичките лидери во Македонија да почнат да се грижат и да работат многу повеќе за подобрување на статусот на човечките права на Македонскиот народ.
Државата Македонија никогаш нема да тргне напред а со тоа и регионот ќе стагнира додека Македонците не ги уживаат сите права кои им следуваат согласно сите меѓународни конвенции!
Актуелниот етноцид на штета на Македонските човечки права кој се случува под удар на домашни и странски центри на моќ, еден ден ќе запре.
Тогаш овие непријатели на Македонскиот идентитет низ цел свет и цела Европа, ќе се срамат и ќе бидат посочувани со прст на темната страна на историјата.
Македонија е светлина!
Македонскиот народ е Божји народ!
Овие маки и премрежја прават од нас посилни и посвесни луѓе, за неспособноста, слабостите и нечовечноста кај останатите поединци, групи па и цели држави кои се тргнати да газат по нашето Македонско достоинство.
Ние сме вистина, ние сме гласот на совеста за недостатоците на модерниот свет, ние сме идеал на кој многумина му завидуваат, наместо да ни се придружат и заеднички да го разубавиме светот со нашите различности…
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОПСТОИ, МАКЕДОНЕЦОТ ЌЕ СЕ КРЕНЕ ПОВТОРНО ОД ОВАА ПЕПЕЛ ВО КОЈА НЕКОЈ УПОРНО НЕ СТАВА!

Пишува: Кирчо Анастасов

За авторот на оваа статија