НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
7 децембра, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Посета на младите борачи во Карбинци од страна на европскиот првак Владимир Егоров

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов заедно со европскиот првак во борење Владимир Егоров во текот на денешниот ден реализираа посета на боречките клубови и младите борачи во општината.

Во рамки на средбата младите и надежни борачи од Карбинци имаа можност да поразговараат за успесите на европскиот шампион и лично од него да дознаат повеќе тајни за боречката дисциплина како и неговиот рецепт за успех.

„Денес заедно со Европскиот првак Владимир Егоров, ги посетивме нашите Боречки клубови и младите борачи. Огромна чест и задоволство е нашите борачи да се запознаат со шампионот и да добијат дополнителна мотивација за во иднина! ✅

-соопшти градоначалникот Паунов во врска со денешната средба.

За авторот на оваа статија