НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 30, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Повторно гори депонијата во с. Лески, општина Виница

Градоначалникот на општина Виница Миле Петков денеска заедно со надлежните локални служби беше на лице место кај депонијата во атарот на село Лески. Од самата локација Градоначалникот Петков го подигна проблемот на највисоко можно ниво како еден од приоритетите за решавање во неговата предизборна програма и уште еднаш се заложи за подобрување на состојбата и најави дел од конкретните чекори за постапување од негова страна во наредниот период:

“РЕДОВНО ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ДЕПОНИЈАТА ВО СЕЛО ЛЕСКИ СЕ ДО НЕЈЗИНА ДИСЛОКАЦИЈА.

Ова беше едно моите ветувања во програмата ‘Гарантираме’ за која мнозинството граѓани на општина Виница ја дадоа поддршката.

И тоа ќе го реализираме!

Денес заедно со ТППЕ Виница бев на лице место на депонијата во с.Лески чијашто директна надлежност е на ЈП Солидарност.

Многу набрзо ќе го смениме менаџментот кој го остави СДСМ во Солидарност и со новиот директор и менаџмент овие слики повеќе нема да ги гледаме!

Се надеваме и на многу брзо дислоцирање на депонијата во с.Лески и конечно отварање на регионалната депонија во Св.Николе, проект кој беше започнат од претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ и кој за жал стагнираше овие 4-5 години.

Со новата Влада предводена од Проф. Д-р Христијан Мицкоски очекувам за 2-3 години депонијата да биде дислоцирана.”

-напиша на фејсбук Градоначалникот на општина Виница Миле Петков.

Извор: Брегалнички.мк

За авторот на оваа статија