во соопштение за јавноста Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста изнесе свој став и повеќе информации поврзани со работата на Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска:
“Почитувани,
Денес минитерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска им го кажа на македонските граѓани резултот од неработењето и неспособноста на оваа влада, а тоа се предвидените нови 5.500 социјални случаи.
Криејќи го своето неработење зад превезот на пандемијата, Шахпаска покажа дека со новиот буџет за 2022 година ништо нема да се промени. Напротив, повторно ќе слушаме само празни зборови и ветувања, кои што никогаш нема да бидат реализирани. Впрочем, оваа влада така функционира во секој ресор.
Замислете, Шахпаска нѐ уверува дека пензиите ќе останат стабилни, додека во секојдневниот живот на граѓаните и пензионерите цените на основните продукти за живот бележат вртоглав раст, а најави од министерката за евентуално зголемување на пензиите нема.
Ветувањата на Јагода Шахпаска можеме да ги окарактеризираме како празни реченици, без конкретни и јасно таргетирани цели и индикатори за постигнување на истите.
Нејзините фалби не може да бидат вредности со кои реално би се подобриле здравјето и животот на граѓаните и со кои би се постигнале економско заздравување и забрзан раст.
Во Република Македонија повеќе од очигледно е дека нема систем и затоа државата се соочува со криза на сите полиња и со исклучително лоши политики, корупција и сиромаштија.
Наместо празните зборови на Шахпаска, на Македонија ѝ е потребен буџет кој што ќе овозможи забрзан раст, а не буџет со текст, чија виртуелност ја перцепира очигледно само гарнитурата на СДСМ.
Од министерката не слушнавме дека ќе има средства и финансии за продолжување со работа на народните кујни, во кои голем број на граѓани се снабдуваат со неопходен оброк.
Исто така, не се предвидени поголем број вработувања за персонални асистенти на лицата со попреченост, како и зголемување на месечните примања на веќе вработените.
Не се одвоени финансиски средстсва за потребите на руралните социјални семејства кои се оставени на маргините на општеството. Изоставена е и грижата за старите и немоќни лица во тешко достапните рурални средини.
Потребно е да се издвојат повеќе финасии за субвенционирање на младите брачни парови со низок семеен буџет за решавање на нивното станбено прашање, како и посебно да се субвенционираат самохраниродители и повеќедетни семејства.
Конечно, денешната прес-конференција на министерката за труд и социјална политика беше во стилот на нејзиниот лидер Зоран Заев, односно во стилот: Јагода зборува – Шахпаска ја побива.”
-соопштија прееку социјалните мрежи од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити