НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 10, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Пратеникот Драган Ковачки со свој став во врска со најавите на Артан Груби за потенцијална безбедносна криза во државата

Пренеси ја вистината

Во врска со целокупната безбедносна состојба во Државата,околу заканите на Артан Груби за дестабилизација, за лажните пријави за подметнати бомби кои беа присутни во јавноста, свој став изнесе пратеникот Драган Ковачки:

“Премиерот во сенка, Артан Груби, пред два дена, без претходно да образложи дали имал некакви претходни информации од безбедносните служби какви последици ќе има по државата доколку Македонија не се интегрира во ЕУ, на јавна сцена пред камери изјавува дека ќе сме имале безбедносна криза доколку не сме почнеле преговори со ЕУ.

И точно, еве веќе два дена по ред имаме лажни дојави за бомби поставени на јавни места во Скопје.

Провидно до немај-каде…

Што лежи во позадина на ова заплашување на народот и сеење на страв?

Потсетете се на создавањето на минатогодишната паника со ковид-19, на секојдневните целодневни прес-конференции и на неуставното прогласување на неколку последователни вонредни состојби од страна на Претседателот Пендаровски (кои се уште не се потврдени (!) во Собранието на РМ и за што кога-тогаш некој ќе мора да носи одговорност). Откако се потсетивте, потсетете се што во тој период направија криминалциве од на власт и ќе ви биде јасно како и на кој начин останаа на власт. Е оваа година, бидејќи народот го навикнаа и го направија рамнодушен на секојдневното масовно ширење, но и умирање од ковид-19 и бидејќи Венко Филипче веќе сам се потроши како кредибилен министер кој со своите постапки е најодговорен за највисоката смртност и за живо-изгорените пациенти во Тетово, се сетија да одиграат на истата карта но овој пат да се обидат да шират страв преку терористички напади, создавање и на други безбедносни проблеми и во крајна линија создавање на нестабилност.

Сега да се вратиме на суштината на изјавата на Артан Груби и што всушност кажа Груби и кому ја упати оваа порака?

Еве што беше поентата на кажаното:

Ако (вие од ЕУ) не ни дадете датум нам (на СДСМ и ДУИ) ние сме подготвени да ја втурнеме државата во нестабилност. *(Нема кој да му каже дека датумот се дава на државата а не на партиите).

Значи, СДСМ и ДУИ се подготвени дополнително да ја поларизираат и така нестабилната политичка состојба и во обид да останат на власт се подготвени да владеат со страв или не сакам да помислам и други човечки жртви.

А еве што во тој контекст, преку обидите за заплашување на народот, прави ПР машинеријата на криминалната тендер коалиција на СДСМ и ДУИ.

Во овој момент, се прават обиди за дефокус од:

1. Катастрофалниот пораз на локалните избори,

2. Октроирањето на маша-претседател и внатрешниот хаос во СДСМ, во кој се свесни дека дури и да успеат да останат на власт преку квази-коалиција со Алтернатива и евро-освестениот од БЕСА, тоа ќе биде краткотрајно и дека за следна победа на избори може да се борат дури околу 2030 година (+/-2 год.),

3. Големите отстапки на сметка на СДСМ кои Заев под плаштот на коалициски капацитет ги прави во однос на коалиционите партнери, посебно во однос на ДУИ и веројатно Алтернатива, а се со цел да успее да се спаси себеси и дел од своето најблиско опкружување,

4. Енергетската криза и се поизвесното покачување на цената на електричната енергија а со тоа веројатно и на други услуги и стоки,

5. Закочената ЕУ агенда токму:- поради Заев, СДСМ и ДУИ кои со степенот на криминал, рекетирања и уцени покажаа дека не разбираат ништо од европските вредности,- поради бескичменоста во однос на македонските национални интереси од страна на врвот на СДСМ предводен од Заев кој непринципиелно попуштајќи на еден, покажа дека е подготвен да попушти на сите.

Оваа власт е подготвена на се’ и може да опстои само во безредие и беззаконие и токму затоа ја дефокусираат јавноста, создавајќи нови проблеми.

Груби знае дека спорот со Бугарија не е безбедносен спор, а влезот во ЕУ не зависи само од Бугарија туку и од останатите држави кои откако ќе ги почнеме преговорите со ЕУ ќе ги кажат забелешките на владеењето на правото, криминалот, корупцијата, неспособноста, расипничкото и неодговорно владеење со кое ја донесоа државата во крајна неизвесност.

Еве што ќе им порачаме:Нека не си играат со чувствата на народот, нека се свестат каде се наоѓаат, нека се симнат на земја и почнат да работат за доброто на тие што ги избрале, а не за свои лични интереси. Народот е мудар и се’ уште молчи…”

-напиша Драган Ковачки на фејсбук.

За авторот на оваа статија