Вечерва премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на партиската трибуна на СДСМ пред битолчани, ако дел од неговите ПР активности влезе во сендвичара на Широк Сокак од каде што додека беше фотографиран и сниман си купи тост за вечера.
Ваквата појава не е реткост помеѓу политичарите кои што за да се прикажат во јавноста поблиски до народот, се поистоветуваат со секојдневни активности за полесно народот да ги прифати и да ги следи и гласа нивните политики.
“Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост, за љубезноста и за разговорот на крајот на овој ден во убавата Битола. Сега веќе знам каде на Широк сокак може добро да се вечера.
Малите и семејните бизниси, се двигатели на економијата, драго ми е што има многу вредни луѓе кои веруваат во себе и ги развиваат своите бизниси, тука, дома.”
-соопшти премиерот Ковачевски со надеж дека ваквиот негов гест ќе биде прифатен од јавноста за да личи што понароден човек.
Поврзано
Лозарите во тиквешијата трпат огромни штети од нефинкционалноста на системот за водоснабдување
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари