Денеска со своја прес конференција во јавноста излегоа од владеачката СДСМ во врска со постапката за донесување на измените на Законот за работни односи со кои се предвидува денот недела да биде неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Даниела Николова од СДСМ вината за недонесувањето на овие измени ја префрла кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ чии што пратеница според нејзе ја блокирале постапката за донесување на истите.
“Почитувани,
СДСМ континуирано и посветено работи за зголемување на стандардот и унапредување на правата на работниците.
Во изминатите 4 години просечната плата порасна за 6.000 денари. Во истиот период ја зголемивме минималната плата од 9.000 денари на 15.400 денари. Ќе ја зголемиме и на 18.000 денари.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се обврза и ќе обезбеди донесување на измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а 8 проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто.
Работниците и синдикатите се во право кога бараат деблокирање на законите кои се во интерес на работниците.
Меѓутоа, како што е познато, пратениците од опозицијата во изминатиот период упорно го блокираа донесувањето на измените на Законот за работни односи и на други законски решенија во интерес на работниците.
Ним воопшто не им е грижа за работниците и нивните права, тие се желни за гола власт, што впрочем и го покажаа, пред целата јавност, со своето однесување изминатите денови.
Недела неработен ден, повисока минимална плата, се реализираат со парламентарно демократско мнозинство и стабилна Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период.
Почитувани,
Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени.
СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден, повисоки плати за работниците, и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија.”
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити