Во рамки на активностите за промоција на проектите кои се дел од Отчетот на Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за првите 100 денови од нивните мандати, во текот на вчерашниот ден се одржа настан во општина Аеродром на кој што говореше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој меѓу другото зборуваше за самите проекти нивниот квантитет и квалитет и суштинското значење во подобрувањето на животот на граѓаните ширум државата.
“Од овие повеќе од 1090 проекти кои се започнати со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија. Голем дел од овие проекти се реализирани токму и во општините кои денес даваат отчет, а за кој нивните градоначалници детално ќе говорат после моето обраќање.
Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта.
Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии. Секој си го поставува прашањето дали сето ова е доволно? Секако дека е потребно и повеќе и подобро. И ние тука нема да застанеме. И ние НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРИМЕ! Ние заедно со народот, со луѓето на Македонија од сите вери и нации се бориме за иднина. Затоа продолжуваме да работиме за ПРОМЕНИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОДЛАБОКИ И ПОШИРОКИ! И ова е почетокот за нашата заедничка визија за иднината за која се бориме и иднината која ја заслужувате, за градоначалници кои се вашиот глас во институциите и државата, за политичари кои се вашата сила во општеството кое мораме да го менуваме.
ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА. Заедно во нови успеси и проекти.
-соопшти Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ на настанот од скопски Аеродором.
Целиот настан со обраќањето на сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во Скопскиот регион може да го погледнете во видеото во продолжение:
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити