Св. Никола Чудотворец е заштитник и патрон и на градот кој го носи името на овој светец- Свети Николе. По тој повод денеска во срцето на овчеполијата во градската црква се одржа Света Божествена Литургија од страна на надлежните архиерејски намесници. По завршувањето на литургијата потоа низ улиците на градот се одржа Света Литија, по што беше принесен и осветен славски колач пред постаментот на Св. Никола во центарот на Свети Николе.

„Денес во Црквата „Свети Никола“ се одржа Света Божествена Литургија а со Свечена Литија и сечење на славскиот колач се продолжи во центарот на градот пред постаментот на Свети Никола. Нека ни е честит и вековит Патронот на градот „Свети Никола“.“
-соопшти градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев кој имаше чест со свештените лица како татко на градот да го прекрши славскиот колач.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот