Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев преку социјалните мрежи ја алармираше јавноста за затекнатата состојба со прочистителната станица за отпадни води во Свети Николе.
Оваа инсталација за која се потрошени огромни финснсииски сретства во изминатиот период не била функционална и оставена на заборав од претходните власти во општината. Резултатот од ваквата неодговорна постапка е испуштањето на фекалиите во речното корито од каде се шири неподнослива миризба.
“Прочистителната станица за која беа потрошени илјадници евра веќе подолг период не функционира.
Ова се сликите од лице место а не 3Д анимации.
Отпадните води завршуваат директно во речното корито од каде се шири невидена миризба.
Прочистителната станица мора да функционира.Во најкраток рок ќе закажеме средба со изведувачите и сите луѓе вклучени во оваа работа за да се изнајде решение или одговорност.”
-соопшти Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев преку социјалните мрежи.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот