Денес, во 16 и 30 часот пред Амбасадата на Република Украина мала група на граѓани со транспаренти и со старото македонско знаме во рацете одржаа мирен протест под мотото “Против глорификацијата на Нацизмот во Украина“. Поради протестот Амбадата на Република Украина беше под засилено полициско обезбедување.
На протестот со микрофон во рацете се обрати еден од демонстрантите кој што изјави „Македонија и македонскиот народ се против државната политика на Украина за „Воскреснување и воспевање на нацизмот“, како и обидот за градење на украинската нација и историја околу Степан Бандера и Роман Шухевич, кои што биле нацисти и соработници на Хитлер. Ваквата политика на долги стази ќе има негативни последици не само врз Украина, туку и врз соседите на Украина, како и врз цела Европа. Нацизмот нема место во Европа! Денешен Киев – може да се стави дека и Скопје е под надворешна контрола на САД и ги исполнува наредбите на САД. Македонскиот народ нема да ги праќа своите синови да војуваат за интересите на САД и НАТО во Украина. Украинските власти и елити слепо ги исполнуваат наредбите од Вашингтон и не се ни обидуваат да преговараат со Русија. А цела Европа ќе одговара за нивните постапки и за возможната војна помеѓу Украина и Русија.“
Демонстрантите носеа транспаренти „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“, „Против праќањето на нашите деца да војуваат за вас“, „Борете се сами против Русија“ и „Нацистите немаат место во ЕУ“. Протестот помина во мирна атмосфера, и заврши со скандирање на името Македонија.
Поврзано
Лозарите во тиквешијата трпат огромни штети од нефинкционалноста на системот за водоснабдување
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари