НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 30, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

“ПУКНАТИНА ВО ВРЕМЕТО” ИЛИ “КОНТУЗИЈА НА РАЗУМОТ”?

Заборавив како вчера изгреа сонцето. Морници ме лазат од самата помисла да се обидам да се присетам на вчерашниот ден. А она што сепак најмногу ме мачи е моментот кога ке треба да се сетам на сегашниот…

Се некако бледо ми се чини дека детството кое толку многу посакувам да си го припомнам, е само уште еден даден момент на границата на еден одамна изумрен сон.

А животот….Животот, тој блескав патоказ на човечкиот идеал за совршена судбина и вечност. Тоа јарко битие кој секому од нас му влева вдахновеност на илузија и привидна вредност која иако цел еден живот посегаме кон нејзе, никако да ја дофатиме…За да на крајот, остане само уште една нова родена судбинска патека на неуморна и избезумена трка кон самиот себеси.

Има ли барем малку обзир вечноста за конечната рамка на едно единствено субјективно битисување. Колку ли само сурово предничи хаосот над систематското обликовение во умот на една единечна мисла…Ако се почнува од мислата, тогаш тоа се’ е многу малку…Помалку и од моментот на временската ограниченост. Помалку и од помислата за бесконечноста…

Дури млад, човек не сваќа до каде може да оди посакувајки ја својата судбина. Иако младоста спокојно тежнее кон возраст на духот, сепак никако да изгради своја метастаза на целовитост и ограниченост. Само и единствено во умот на ограниченоста, може да се пронајде спокој за сопствената судбина…Сето останато над таа ограниченост, претставува своевиден дисбаланс на сопственото спознание над целовитоста на универзалното постоење.

Нема смрт-додека ѕвони….Воздишка не раѓа, со воздишка…

Сепак судбината не е само крај на времето…Таа е падот на свесноста…

Реалност преточена во ехо, за едно постоење. 

Пишува: Анастасов Кирчо

За авторот на оваа статија