Денеска со многу дечиња, со многу граѓани беше свечено пуштено во употреба новото кошаркарско игралиште во рамки на Основното општинско училиште “Св. Климент Охридски” во општина Бутел.
Новиот спортски терен е изграден со врвни материјали и опрема сертифицирана по ФИБА стандарди.
“ ОТВОРЕНО НОВОТО КОШАРКАРСКО ИГРАЛИШТЕ СО СПЕЦИЈАЛНА ПОДЛОГА ВО ООУ “Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”
“ СПОРТУВАЈ, ВЕРУВАЈ, ПОСТИГНИ “
Денес го отворивме новото кошаркарско игралиште со специјална FIBA подлога и сертифицирани FIBA кошеви во дворот на општинското основно училиште “Св. Климент Охридски”.
Многу голем број на граѓани беа присутни на денешниот настан, голема благодарност во мое лично име, и во името на општина Бутел !
Она што пред само неколку месеци беше обичен бетон, денес е модерно кошаркарско игралиште со врвна опременост. Игралиште кое ќе биде наменето за над 550 основнци но и за сите граѓани на Општина Бутел.
Целата вредност на овој проект изнесуваше 4.231.397 денари. Средства кои беа издвоени од буџетот на Општина Бутел.
Инвестирањето во спортската инфрастеуктура ќе продолжи. Во наредните недели ќе продолжиме со отварање на уште две нови спортски игралишта со специјални подлоги. Едното за кошарка а другото за фудбал. Го менуваме ликот на Општина Бутел
Модерна, современа, урбана Општина Бутел за сите граѓани
Ветеното го реализираме !”
-соопшти Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот