НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
март 29, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

РЦЗ Делчево објави повик за ангажирање на 6 млади лица од регионот за проект

Пренеси ја вистината

Регионалниот центар за застапување од Делчево објави јавен повик за ангажирање на 6 млади лица од регионот за проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш“ со цел нивно професионално обучување за дијагностика и сервис на електронски уреди (телефони, таблети, компјутери и бела техника – мали апарати).

Како што информираат од РЦЗ Делчево обуката ќе биде во времетраење од 6 месеци, распоредена во 10 сесии, во периодот од 01.06.2022 до 31.12.2022 година. Кандидатите треба да бидат на возраст од 18 до 30 години.

За потребите на обуката ќе бидат ангажирани вкупно 6 лица:

2- Општината Делчево

2- Општина Македонска Каменица

2- Општина Пехчево

Заинтересираните кандидати да достават писмо за интерес (мотивациско писмо) и кратка биографија (CV) на Македонски јазик на електронската адреса: rczceldevo@gmail.com со назнака „За јавен повик за ангажирање млади лица во рамки на проектот“Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш“ најдоцна еден месец од објавувањето на повикот, односно до 29.04.2022 година.

Пријавените кандидати ќе поминат процес на селекција, Регионалниот центар за застапување при изборот ќе води грижа за еднаква родова, етничка и социјална застапеност на ангажираните лица.

Извор: РЦЗ Делчево

За авторот на оваа статија