НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 16, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Сања Лукаревска од СДСМ: Посветени сме на заштита на стандардот на граѓаните

Пренеси ја вистината

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за „24 инфо“ истакна дека во овој момент е важно сите да се концентрираат на мерките кои ќе овозможат заштита на животниот стандард на граѓаните, но и зачувување на ликвидноста на стопанството.

Посветени сме на успешно менаџирање со последиците од глобалната економска и енергетска криза, заштита на стандардот на граѓаните, на компаниите и поддршка на ранливите граѓани, на оние на кои помошта во криза им е најнеопходна, обезбедивме доволно храна, струја и енергенси во пресрет на зимата. Следува тежок период но подготвени сме за сите предизвици, нагласи Лукаревска.

Заменик претседателката на СДСМ Лукаревска истакна дека со новиот сет на мерки се продолжува субвенционирањето на придонеси од задолжително социјално осигурување за зголемување на плата до 6.000 денари, продолжува и примената на повластена даночна стапка од 5 отсто за промет со електрична енергија за домаќинствата.

На овој начин, овозможуваме пониска цена на струјата за граѓаните и намалување на нивните трошоци. Со пакетот мерки, се овозможи ослободување од ДДВ при увоз на природен гас, електрична енергија, тополинска енергија или енергија за разладување што дополнително помага во намалување на крајната цена, нагласи Лукаревска.

Таа нагласи дека преку повратот на ДДВ за комапниите за 30 дена од поднесување на барањето се обезбедуваат ликвидни средства за компаниите.

Од почетокот на оваа година до крај на септември, УЈП има исплатено 32,8 милјарди денари за поврат на ДДВ кон стопанството. Овој износ на поврат на ДДВ е повисок за 49,86 отсто во однос на вратениот ДДВ во истиот период од 2021 година и е повисок за 73,32 проценти во однос на истиот период од 2020 година и за 71,13 отсто во однос на вратениот ДДВ во истиот период од 2019 година, соопшти Лукаревска.

Таа истакна дека со антикризните мерки се обезбедени дополнителни 18 милиони евра во Буџетот за поврат на средства, за граѓаните корисници на Мој ДДВ.

Во ноември следи исплатата на третото тромесечје за скенирани фискални сметки преку МојДДВ во месеците јули, август и септември, се очекува, на граѓаните да им се вратат околу 580 милиони денари, рече Лукаревска, додавајќи дека бројот на корисници на МојДДВ секојдневно расте и од 212.776 корисници во 2019 година се искачи на над 460.000.

За три години како се реализра мерката МојДДВ, УЈП, на сметките на корисниците исплати 4,2 милијарди денари или близу 68,3 милиони евра. Тоа се сериозни средства преку кои директно се подобруваат семејните буџети, а на овој начин позитивно влијаевме и врз стеснување на обрачот на сивата економија, истакна Лукаревска.

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска нагласи дека како резултат на државничките политики токму на СДСМ, после 17 години започнаа преговори со ЕУ, со заштитен македонски идентитет.

Сега е клучно да се заокружат сите процеси и да станеме полноправна членка на ЕУ, рече Лукаревска и најави интензивни теренски активности на СДСМ, меѓу граѓаните, меѓу членовите, во сите населени места.

СДСМ е партија когашто е блиска со граѓаните, кога ги слуша и им служи токму на граѓаните, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за „24 инфо“

За авторот на оваа статија