радскиот Аматерски Театар “Сцена 71” од Свети Николе годинава прославува 50 години постоење од нивното формирање во 1971 година. Цели 5 децении е дом на љубителите на драмската уметност и културните работници во рамки на домот на културата „Крсте П. Мисирков“ од Свети Николе.
По тој повод синоќа во театарот беше промовирана Монографијата 50 години „Сцена 71“.

На самата промоција присуствуваше и градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев, кој по овој повод упати своја порака со честитка и благодарност за долгогодишниот јубилеј на оваа културна институција во градот.

“,,Сцена 71” слави јубилеј 50 години постоење.
50 години низ кој продифилираа бројни вљубеници во театарот и театарската уметност во Свети Николе.
Им благодарам од срце на поканата и укажаната чест од нивна страна.
Им посакувам долга и успешна работа низ годините што престојат и им ветувам дека со локалната самоуправа и со мене како Градоначалник на општина Свети Николе ќе имаат одлична соработка.
Нека Ви е со среќа овој јубилеј.”
-напиша на фејсбук Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев по тој повод.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот