Од владеачката СДСМ во јавноста упатија соопштение во кое што ја обвинуваат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска затоа што на лице со попреченост кое било придружувано со своето сервис куче не му бил дозволен влез во автобус на ЈСП.
“Срамна и дискириминирачка е постапката на Град Скопје и Арсовска да им се забрани влез на лица со попреченост кои се со придружба на куче”
-гласи насловот на текстот кој што манипулативно се пренесува низ социјалните мрежи и од страна на провладини портали.
Во текстот понатаму се објаснува ситуацијата но со конструкции од страна на владеачката партија манипулативно се обидуваат овој настан да го поврзат со градоначалничката Данела Арсова.
“Скандалозен и дискирминирачки е вчерашниот настан каде во автобус на ЈСП Скопје му бил забранет влез на лице со попреченост кое било придружувано од неговото сервис куче.
Тоа е спротивно на Уставот, на законите и на Конвенцијата на Обединетите нации за права на лицата со хендикеп и СДСМ го осудува.
Во изминатите четири години и на локално и на централно ниво СДСМ реализира низа мерки и политики за унапредување на статусот на лицата со попреченост.
Се намали границата за лична асистенција за лицата со попреченост, со цел овие лица полесно да ги извршуваат секојдневните обврски и да бидат активно вклучени во секојдневниот живот, се изработи аудио читач за лицата со оштетен вид, се градат инклузивни градинки а многу објекти на институции станаа подостапни за лица со телесен инвалидитет.
Од друга старана, ваквите дискриминаторски потези на ЈСП, Град Скопје и Арсовска не се во насока на унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, туку враќање чекори назад.
Очекуваме одговорност за ова срамна и дискриминирачка постапка.”
-стои во соопштението на СДСМ
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот