НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
март 27, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

СДСМ: Мерките на СДСМ даваат резултати- намалена невработеност, зголемување на платите и пензиите…

Во свое соопштение до јавноста од СДСМ ги коментираат сопствените економски политики кои се имплементираат преку владата предводена од СДСМ.

Од владеачката партија ја информираат јавноста дека успеале да ја намалат невработеноста во државата на рекордни 15.2% како и дека ја зголемиле минималната плата во државата на 18 илјади денари.

Во продолжение го пренесуваме интегрално тестот на ова соопштение на СДСМ:

“Во време на глобална криза, мерките и политиките на СДСМ даваат реални, видливи резултати.

Согласно податоците од државниот завод за статистика, невработеноста е на најниско ниво од независноста досега – 15.2 отсто.

Невработеноста успеавме да ја намалиме за 5,6% во време на здравствена криза со економски последици во споредба со 2020 година.

Тоа е потврдено и со извештајот на ММФ кој констатираше дека со успешните мерки на Владата спасени се над 60.000 работни места.

СДСМ покажа грижа и за зачувување и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Просечната плата ја зголемивме на 29.943 денари, додека минималната плата ја покачивме на историско највисоко ниво досега од 18.000 денари.

СДСМ го реализира и најголемото покачување на пензиите. Со новата методологија пензиите ќе растат во просек по 900 денари, а обезбедивме и финансиска помош од 3.000 денари за сите 330.000 пензионери.

Со СДСМ растат платите и пензиите и се намалува невработеноста и во време на глобална и енергетска криза.”

-стои во соопштението на владечката СДСМ.

За авторот на оваа статија

>