НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 21, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

СДСМ подготвува еден од најбруталните грабежи на граѓаните по примерот на мрачната приватизација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Денеска на прес конференција како што беше претходно најавено од страна на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста обелоденија нов скандалозен случај со кој што актуелната централна власт предводена од СДСМ има намера да го спроведе.

Димче Арсовски од опозициската партија од партиското седиште обелодени дека власта сака да продаде државен имот кој што според проценките вреди над 20 милиони евра за цена од нешто помалку од 220000 евра.

“Се подготвува еден од најбруталните, најбесрамните и најбескурпулозните грабежи на државен имот, односно на Република Македонија по принципот на старата школа на СДСМ како од 90тите години кога беа приватизирани над 600тини фирми во Република Македонија кои што беа имот на државата.

Обезвредни државен имоти најпрво беа симнати буквално на 0 за потоа да може да дојде некој за багател да ги купи и да заработи милиони евра на грб на државата. Владата на СДСМ и криминалниот картел од Струмица кој што е на чело со премиерот во заминување Зоран Заев се подготвува да ја продаде АД Славија, односно да ја купи некој со нивни амин за багателна цена, далеку од онаа вредносната АД Славија која што има вредност со целиот свој имот, со сите свои објекти од над 20 милиони евра целата фирма, власта на СДСМ, власта на премиерот во заминување Зоран Заев сака да го продаде целиот тимот, целото земјиште, сите објекти на АД Славија и целата фирма АД Славија за 218.535 евра, односно 4285 акции по цена замислете од 51 евро по акција и тоа на само 2 дена пред новата година. Ова е лудило кое што го достигна врвот менаџиран од Зоран Заев и власта.”

-соопшти портпаролот Димче Арсовски на денешната прес конверенција која што може целосно да ја погледнете во продолжение:

a

За авторот на оваа статија