Денеска на прес конференција од општинската организација на СДСМ Штип излегоа со серија обвинувања на сметка на локалната власт во Штип.
“На челниците од ВМРО ДПМНЕ не им требаше многу за си го покажат нивното вистинско лице.
Наместо централното градско подрачје да добие подобрена функционалност, поголема безбедност на граѓаните и растеретување на сообраќајот, разубавување на овој дел од градот, со проект наследен од СДСМ, обезбедени средства од страна на буџетот на Република Северна Македонија и завршена тендерска постапка, сведоци сме на паднат и оштетен дрворед и тотален мрак поради отстрането улично осветлување.
Дали промените кои ги најавуваа во предизборието за нив се притисоци врз директори, делење отказни решенија, закани и уцени?
Само еден од примерите за ваквиот начин на владеење е формирањето на дисциплинска комисија од страна на градоначалникот Јорданов, кој поради партиски интереси врши притисок врз командирот на Територијалната против пожарна единица -Штип.
Зарем ова не е класичен партиски реваншизам и деградирање?
Со ваквите постапки, Јорданов на голема врата го враќа режимското владеење кое граѓаните многу добро го паметат.
Слоганот “Промени” со кој излегоа пред граѓаните очигледно не значи промени во владеењето на вмро дпмне.
Истите луѓе, истиот режим, исти злоупотреби.
За само еден месец, јавноста се увери во мобингот и тортурата врз нивните неистомисленици, кои се препознатливи за владеењето на ДПМНЕ.”
-соопштија од СДСМ Штип.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот