НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 3, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

СДСМ спроведува реформи и дава помош во интерес на земјоделците, соопштуваат од штабот на владеачката партија

Денеска на прес-конференција од партиското седиште на СДСМ, се обрати Гоце Георгиевски- претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ. Тој афирмативно ги презентираше дел од пакетите за помош на земјоделците кои што актуелната влада ги додели како финансиска помош а дополнително соопшти дека за иднина предвидуваат формирање на интервентен фонд за помош на земјоделието.

“Наша одлика е да бидеме постојани во тоа што го работиме и да го одржиме зборот, секое ветување да го докажеме на дело. Опозицијата освен да се кити со туѓи перја, ништо друго не знае.

СДСМ може и знае да спроведува големи реформи и да дава помош секогаш кога е потребно, во интерес на сите земјоделци.

Изминатава недела беше недела на големи одлуки, за земјоделците.

Владата предводена од СДСМ усвои финансиска поддршка за намалување на последиците од КОВИД кризата врз производството и откупот на јаболко, ориз, грозје и тоа:

– Поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 година до 15 декември 2021 година предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи или за извоз, во висина од 3 денари по килограм.

– Поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач или преработена во сопствениот преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм.

– Поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 година до 31 октомври 2021 година е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 3 денари по килограм.

Почитувани земјоделци,

На минатите парламентарни избори ветивме посветена работа да создадеме услови за одржливо, конкурентно и модерно земјоделство. Едно од ветувањата во програмата „Можеме“ беше и Формирање на интервентен фонд за регулирање на пазарен дисбаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство.

Пандемијата предизвикана од КОВИД 19 нанесе сериозни последици на глобално ниво, а СДСМ како одговорна партија која е предводник на државата, ги презема сите активности за ублажување на последиците врз домашното стопанство. Бидејќи се грижиме, бидејќи за нас наголем приоритет се граѓаните.

Почнувајќи од 2022 година постоењето на овој фонд ќе биде реалност, а буџетот за оваа намена ќе биде 250 милиони денари.

Ова се дополнителни средства, покрај субвенциите кои во рекордни суми се исплаќаат последните две години, навремено и во целост. Буџетот на интервентниот фонд ќе биде на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со потешкотии на пазарот и проблеми во производството.

Грижата за земјоделците се покажува и докажува. Со развојни политики, со реформи, со отворен дијалог. Тоа се стандардите по кои работи Владата и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.”

-соопшти денеска на прес конференцијата претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ.

Извор: СДСМ

За авторот на оваа статија

>