НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 30, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

СКАНДАЛ! ВОЗОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ВОЗАТ БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД!

Согласно информации добиени од вработени во МЖ ТРАНСПОРТ АД, патничките и товарните возови во нашата држава веќе неколку дена возат без редовен дневен технички преглед. Поради протест за исплата на плати, вработените во МЖ ТРАНСПОРТ АД веќе неколку дена одбиваат да работат и да вршат технички преглед на возовите. Ова е голем скандал, знаејќи го фактот дека согласно правилникот за одржување на железничките возила, секој воз пред да тргне на пат мора да биде контролиран од технички лица и за истиот да има соодветна документација дека е исправен за во сообраќај. Дознаваме дека поради протест на вработените изминативе денови тоа не се прави, а дел од патничките и товарни возови и понатаму возат. Прашуваме: Кој ќе ја превземе одговорноста доколку поради евентуален технички пропуст се случи железничка несреќа? Зарем не е доволен примерот од автобуската несреќа во Ласкарци во која загинаа 16 невини луѓе, зарем не е доволен примерот од пред неколку дена од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 46 наши сограѓани?

Бараме министерот Бочварски да побара Управата за сигурност во железничкиот систем, веднаш да направи вонреден инспекциски надзор во МЖ ТРАНСПОРТ АД и да констатира дали изминативе неколку денови возовите по македонските пруги возеле без редовен дневен технички преглед. Доколку се констатира такво нешто бараме соодветна одговорност на лицата кои го дозволиле тоа.

-фејсбук реакција на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

За авторот на оваа статија